Се чини како утрово Путин да удри посилно по Украина. Стигнуваат извештаи за низа експлозии во повеже градови, меѓу кои и главниот град.

Рано утринава украинската престолнина Киев повторно беше мета на ракетни напади, објавија светските агенции. Според нив во внатрешното градско јадро одекнале пет силни детонации.

–Има повредени и загинати – потврди портпаролката на Државната служба за вонредни состојби, Свитлана Водолага.

Серија експлозии го потресоа украинскиот главен град Киев, пишува „Гардијан“, повикувајќи се на локални медиуми и регионални претставници. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, нешто по 8:30 часот по локално време со изјава на својот канал „Телеграм“, кога ја потврди веста за експлозиите.

„Неколку експлозии се слушнаа во областа Шевченков, во центарот на главниот град“, рече Кличко.

Најмалку четири експлозии се слушнале во Киев, според локалните медиуми, околу 08:30 часот, додека од центарот на градот можел да се забележи густ чад, пишува „Киев Индепендет“.

„Гардијан“ јавува, повикувајќи се на јавниот радиодифузен сервис „Суспилна“, дека една експлозија се слушнала и во близина на железничката станица. Во градот е прогласена тревога.

Експлозии во Лавов, Тернопил, Дњепропетровск

Како што јавуваат светските агенции експлозии имало во повеќе украински градови, а Киев, Житомир, Хмјелницки, Дњепропетровск и Тернопил се спомнуваат како мети на социјалните медиуми и на Телеграм каналите. Кружи видео исечок кој покажува штета на цивилни згради во Дњепар.

Градоначалникот на Лавов Андри Садовји објави на телеграм дека сите училишта ќе бидат затворени, а наставата ќе се одвива онлајн. Вели дека дошло до привремен прекин на мобилните комуникации.

Тоа покажува дека има значителен пораст на руските напади на градови оддалечени од првата линија на фронтот на окупираниот исток на Украина.