Северна Кореја истрела три балистички ракети со краток дострел во Источното Море и најмалку седум други проектили од различен тип, вклучително и едната што беше насочена кон јужнокорејскиот остров Улеунг пред да падне во близина на источниот брег, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.

„Армијата на Република Кореја никогаш не може и нема да толерира таква провокација од Северна Кореја“, додаваат од JCS.

За прв пат проектилите паднаа во близина на јужнокорејскиот брег.

Еден проектил паднал на 26 километри јужно од линијата за разграничување на Северот, еден на 57 километри од јужнокорејскиот град Сокчо на источниот брег и еден на 167 километри од Улелунг, објави Јужна Кореја.

„Ако САД и Јужна Кореја се обидат да употребат оружје против нас, ќе се соочат со шокантен инцидент“

„Ако САД и Јужна Кореја се обидат да употребат оружје против нас без страв, специјалните средства на вооружените сили на КПА веднаш ќе ја извршат својата стратешка мисија, а САД и Јужна Кореја ќе се соочат со шокантен инцидент и ќе платат најстрашна цена во историјата“, рече Маршалот на Корејската народна армија (КПА) и член на Президиумот на Политбирото Пак Јонг-Чон.

Околу девет часа по таа изјава, Северна Кореја лансираше најмалку десет балистички ракети во морето во близина на источниот брег на Јужна Кореја, во она што војската на Република Кореја го нарече „акт без преседан“ што „никогаш не може да се толерира под никакви околности“.

Сеул вети „цврст одговор“ на лансирањето и возврати со три прецизни т.н. ракети земја-воздух.

На телевизија се слушнала сирена за тревога.

📸

📸

📸

📸