Ужасно голем пожар вечерва избувна во Горно Лисиче. Според информации на „Скопје1“ гори магацин лоциран во овој дел од Скопје.

Огнените јазици ги пеплосуваат просториите на објектот, за кои детали во овој момент не се познати.

Кон местото каде доцна вечерва избувна пожарот, се упатија неколку противпожарни возила и полициски патроли. Засега детали не се познати.