Ноќта кон петокот околу 1,40 часот на самата крстосница меѓу селата Радуша и Свиларе, во скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички пронашле лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје.

По преземени мерки било утврдено дека станува збор за 39-годишниот А.А. од селото Никуштак, општина Липково.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.