Претседателот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски по состанокот со премиеро Димитар Ковачевски во Клубот на пратеници рече дека му понудил јавно да го каже предлогот, а тој да се откаже од предвремени парламентарни избори.
– Му понудив на Ковачевски да излезе и да го одбие ова кое е доставено како предлог а јас да се повлечам од барањето за предвремени парламентарни избори. Да ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ, институционално и да и помогнеме на владата во надминување на предизвиците кои оваа зима ќе се појават пред нас, кажа Мицкоски.
Вели дека на пролет откако ќе измине најтешката зима ќе треба да седнат повторно на заедничка маса со Ковачевски за да направат репроценка на актуелната состојбата.
– Да повторам, само треба да го одбие, додава Мицкоски.
Be the first to write a comment.