Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва го усвои референдумското прашање кое ќе гласи:
„Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“
На прес конференција претседателот Христијан Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува интеграција во ЕУ, но не поддржува асимилација и идентитетско обезличување.
-ИК донесе одлука за граѓанска иницијатива за собирање потписи за референдум. Во наредната недела ќе собереме најмалаку 100 квалификувани потписи за иницијативата да ја доставиме во Собранието. По одобрувањето, ќе започнат роковите за собирање потписи за задолжителен референдум.
Референдумксото прашање ќе се однесува на Договорот со Бугарија кој го склучи Заев. Тоа е основата на проблемот. ВМРО-ДПМНЕ ќе повика да се гласа „за“ на прашањето. Власта да дозволи народот да се изјасни, порача Мицкоски.
Be the first to write a comment.