Дојава за бомба добиле во Јавното сообраќајно претпријатие рано утринава, дознава Курир.
Според нашите информации, пријавата била во раните утрински часови, но засега нема повеќе детали. На вработените не им е дозволено да дојдат до своите работни места до целосна проверка на просторот.
Извори од лице место велат дека екипи на Министерството за внатрешни работи се веќе на терен.
Курир побара повеќе информации од МВР кои ги очекуваме наскоро.
Инаку, вработените на ЈСП за денеска најавија протест поради неисплатени плати.
Be the first to write a comment.