Пцовиса жирафата Флопи во скопската Зоолошка градина, дознава „Макфакс“. Информацијата ја потврди и директорот Зоран Попов, кој ги чека резултатите од обдукцијата. Флопи, повеќе месеци не била во добра состојба, според ЗОО-Скопје.

„Во тек е обдукција“, вели Попов за „Макфакс“.

Ова е втора жирафа која пцовисува. Претходната, почина во 2014 годинана три и пол години. Животниот век им изнесува 25 години. Според тогашното раководство во Зоолошката, причината беше срцева маана.

Зоолошката сега останува со една жирафа.