МВР информира дека во петокот (16.09.2022) во 17.00 часот во Полициската станица Гостивар, 76-годишен жител на Гостивар пријавил дека на 15.09.2022 бил измамен од едно лице за сума од 600 евра.
Според пријавеното, на ул.,,Јастре Здравкоски“ лицето го пресретнало и му понудило да му продаде предмети за домаќинство од брендирана марка, а откако се договориле тој му ги дал парите и лицето заминало, по што подоцна забележал дека предметите не се оригинал и случајот го пријавил.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести полицијата.
Be the first to write a comment.