Убиство се случило вечерва во центарот на Гостивар.

Според информациите од СВР Тетово, едно лице починало од повреди нанесени од огнено оружје. Првичните информации наведуваат дека се работи за убиство на кое му претходела расправија.

Како што велат од СВР Тетово, вечерва околу 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А. На гостиварецот му била констатирана, влезно-излезна прострелна рана во главата.

Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повредите.

Во тек е увид што го вршат Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаaт мерки за расчистување на случајот.