Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денеска оддржа средба со учениците од општинските основни училишта кои по претходна постапка беа избрани за ученици на генерација.

На сите избрани ученици на генерација, градоначалникот Стефковски им додели ваучери од 3000 денари. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба.

– Воведувањето на оваа мерка е мотивација но и признание за посветеноста на учениците за време на образовниот процес во основното образование. Секое основно училиште спроведе постапка согласно утврден правилник и избра првенец на генерација која оваа година го завршува основното образование. Им оддавам признание и им честитам, вели градоначалникот Стефковски.