Српската пејачка Марина Радосављевиќ била претепана на 4 август во Врњачка Бања, наводно од нејзиниот поранешен љубовник И.Т., кој, како што вели Радосављевиќ, се предал во полиција.

Вознемирената пејачка на Гранд ги контактирала српските медиуми од болницата каде е веќе неколку дена.

– Бев со мојата пријателка и нејзини другари. Тука приоѓаа некои момци кои беа познаници на моите пријателки. Претежно бевме опкружени со луѓе од Врњачка Бања. Го видов кога влегов. Тој помина покрај мене. Кога излегов од ВИП делот во долниот дел се задржав кај шанкот. Тука беше целото друштво, не го видов и мислев дека си отишол дома или надвор од „Лав фест“. Кога погледнав во часовникот беше петнаесет до три часот наутро и помислив да си одам дома. Во еден момент ги разгура насобраните луѓе и ме нокаутираше. Се онесвестив, ми велат дека сум го голтнала јазикот. Мојата пријателка ја видела само крвта и не се сеќавам на ништо друго бидејќи паднав во несвест. Ме ставија на носилка и ме однесоа, вели Марина.