Со тутунските комбинати и со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска постигнавме договор за повисоки, рекордни цени на тутунот, за 20 отсто повеќе од минатата година, порача вечерва од трибина во Прилеп претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
– Заедно заклучивме годинашните цени на тутунот да бидат: прва класа 300 денари, втора 240 денари, трета класа 180 денари и четврта класа 100 денари. Сето ова е за 20 отсто повеќе отколку минатата година. Исто, како што ветив и остварив дека за 30 отсто ќе ги зголемиме цените на грозјето, исто ќе направиме и со тутунот и тоа во најкризната година во Европа по Втората светска војна, порача Ковачевски.
Ковачевски истакна дека оваа година Владата ги исплати сите заостанати субвенции кон земјоделците, од кои дел не биле исплатени уште од 2015 година, потенцирајќи дека е време за враќање кон стратешките култури.
Be the first to write a comment.