На социјалната мрежа ТикТок се појави ново видео за кое се тврди дека е вусшност апсењето на момчето убиец (13) од Врачар во училишниот двор во основното училиште Владислав Рибникар.
Како што може да се види на видеото, момчето осомничено за страшниот масакр стои во место додека двајца полицајци му ставиле качулка на главата. Во еден дел од видеото можете да видите како му ставаат лисици на рацете, а момчето не дава отпор.
Да потсетиме, кобното утро момчето од сефот извадило два пиштоли на татко му и направило четири „молотови коктели“, а потоа тргнало во извршување на крвавиот пир.
На влезот во училиштето убил чувар и уште три девојчиња кои случајно се нашле таму без да каже збор. Потоа, во ходникот ја сменил рамката за муниција во пиштолот и влегол во училницата на долниот кат, каде што неговиот клас имал час по историја.
Таму прво ја ранил наставничката во раката и стомакот, а потоа се завртел и пукал во децата. Убил шест деца, а ранил уште пет. По масакрот излегол од училницата и самиот повикал полиција велејќи дека ги убил децата.
@idktbh12090 ♬ original sound – someone
Be the first to write a comment.