Завчера околу 13 часот пред гимназијата во Копривница (Хрватска) дошло до тепачка во која учествувале двe ученички од друго средно училиште од тој град.
Локалниот портал podravski.hr, кој дошол до снимката и разговарал со сведокот, објавил дека едната девојка ја нападнала другата, по што двете завршиле на земја.
Додаваат дека имало тупаници и клоци и дека тепачката ја гледале насобраните средношколци, од кои некои навивале.
Дури по некое време некој ги разделил девојките. Полицијата денеска потврди дека се степале две малолетнички.
Be the first to write a comment.