Малерите на терените се честа појава и составен дел од спортот, но тоа што му се случи на италијанскиот атлетичар Албертo Нонинo во трката на 400 метри од десетобојот на Светското првенство (СП) за јуниори во Кали е нешто што тешко дека е видено и што долго ќе се раскажува.
Младиот десетобоец остана можеби и без триумф во оваа дисциплина, а со тоа и без драгоцени бодови, откако пред крајот му се скина шорцот поради што мораше драстично да успори за да може со една рака да го покрие половиот орган кој му излезе.
Поради овој пех, Нонинo заврши како претпоследен во оваа трка.
Be the first to write a comment.