Во центарот на градот на ул. Македонија, утрово во 10.45 часот извршено е апсење на лице од страна на полициски сили во цивилна облека, под претпоставка за употреба на огнено оружје од страна на полицијата.
Се претпоставува дека лицето кое беше приведено од тројца полициски службеници во цивил е опасно и истото може да возврати со оган кон полицијата. Поради заштита на идентитетот на полициските службеници како и на уапсениот, нивните лица на видеото и фотографиите се замаглени.
Во меѓувреме иако „Слободен печат“ побара официјална информација до МВР за што точно станува збор во центарот на градот и кое е лицето кое беше лишено од слобода со поголем број полициски службеници, до објавување на оваа информација од полицијата се уште не добивме одговор.
Инаку, веднаш по апсењето на лицето во центарот на градот беше забележано зголемено полициско присуство, како во цивил така и во униформа.
Be the first to write a comment.