Огромен аквариум висок 16 метри наводно експлодирал изутринава во хотел во Берлин, Итната служба добила повик околу 6 часот. Водата од аквариумот во која имало 1.500 риби се излеала од хотелот на улицата пред него, пренесува Билд. Германските медиуми пренесуваат дека две лица се повредени.
Во аквариумот имало милион литри вода.
На Твитер се појавила снимка од инцидентот, кој наводно го објавил гостин од хотелот. На снимката се гледа хаос кој се случил по пукањето на аквариумот – лобито во хотелот е уништено, а на подот има вода.
Und so sieht es drin aus #aquarium #berlin pic.twitter.com/QyiImxbxvW
— rbb|24 (@rbb24) December 16, 2022
На лице место се пожарникари со службата за Итна помош.
Засега не е познато како дошло до инцидентот. Улицата во која се наоѓа хотелот е затворена, јавија службите на Твитер.
– На улицата има многу вода, причината засега и натаму е непозната, наведуваат од сообраќајната служба на Берлин.
Bro what the fuck the fish tank of my hotel just exploded in the middle of the night WHATS GOING ON. #radissonblu #Berlin #aquarium #Explosion pic.twitter.com/Od8iS9YxBN
— Niklas Scheele (@niklas_scheele) December 16, 2022
Вака изгледаше аквариумот вчера:
For context….was admiring the fish and divers just last night! #radisson #radissonblu #hotel #aquadom #aquarium pic.twitter.com/V8vMvUm5F5
— Larissa (@lararimmer) December 16, 2022
Be the first to write a comment.