Огромно е уништувањето од експлозијата што утрово се случи во џиновскиот аквариум „Dom Aquaree“ што го краси фоајето на хотелot „Radisson Blu“ во „срцето“ на Берлин.
Од силната експлозија во 6 часот наутро по германско време, сите риби во аквариумот – 1.500 на број – умреа, додека 350-те гости на хотелот беа принудени да го напуштат бидејќи целата зграда е поплавена.
Како што пишува весникот Билд, експлозијата била толку силна што ја забележале сеизмографи, додека германските власти тврдат дека милион литри вода ги поплавиле не само хотелските простории, туку и околните улици.
Und so sieht es auf dem Seismogramm aus, wenn in #Berlin ein #Aquarium explodiert. Aufgezeichnet an zwei privaten @raspishake-Stationen in Rudow und Lankwitz pic.twitter.com/eqKOifmhCj
— Erdbeben Deutschland (@ErdbebenDE) December 16, 2022
Според полицијата, од скршеното стакло се повредени две лица. Противпожарната бригада и полициските власти кои дошле на местото на настанот користат специјално обучени кучиња за да ги лоцираат евентуалните жртви.
За време на експлозијата, вратите и прозорците беа фрлени на улицата, додека саксиите со цвеќиња што го красеа влезот на хотелот беа расфрлани низ блокот.
– Според берлинските власти, засега нема докази дека во прашање е некаков напад, пишува германскиот магазин Фокус.
Se rompió.
Por la mañana estalló un acuario gigante de 14 metros de altura en un hotel de lujo de Berlín, el llamado AquaDom, que pertenece a un Sea Life del edificio. El enorme tanque albergaba más de 1.500 peces tropicales y más de 50 especies diferentes. pic.twitter.com/vH0KYzvVSg
— Crack-Up 📺 (@xulsolar71) December 16, 2022
Информациите на кои се повикува Билд тврдат дека експлозијата на аквариумот најверојатно се должи на неговите стари градежни материјали.
Музичарката Ива Јудински, една од 350-те гости на хотелот Radisson Blu, каде што се наоѓа огромниот аквариум, опишува како ја доживеала оваа застрашувачка ситуација.
„Рано наутро, околу 6 часот, слушнав огромна експлозија, тресење. Не ни разбрав што се случи. Отидов во собата на мојот пријател. Од таму го видовме аквариумот и целото уништување. Целиот хотел е поплавен“, изјави таа за германскиот весник.
„Аквариумот е уништен и има истекување на вода. Ситуацијата е нејасна во овој момент“, објави берлинската противпожарна служба на Твитер во петокот наутро.
Bro what the fuck the fish tank of my hotel just exploded in the middle of the night WHATS GOING ON. #radissonblu #Berlin #aquarium #Explosion pic.twitter.com/Od8iS9YxBN
— Niklas Scheele (@niklas_scheele) December 16, 2022
„Зборуваме за катастрофа, целиот хотел се тресеше“, изјави очевидецот Андреас Шмит за германската новинска агенција „Њуз5“ и додаде:
„Беше околу 6 часот наутро. Спиев длабоко. Слушнав силен тресок. Најпрво помислив дека нешто паднало од небото бидејќи се на улицата е оштетено. Внатре во зградата владееше хаос. Лобито и барот се целосно уништени и поплавени. Сè е искршено. Не можев да замислам дека оштетувањето на аквариумот може да предизвика таква катастрофа“.
Во хотелот спиела и Клаудија Гонзалес, која сведочи дека слушнала многу силна експлозија.
– Се слушна нешто како огномет, експлозија. Хотелот се „тресеше“. Скокнав од креветот и излегов од собата за да видам што точно се случило.
„Аквадом“ беше отворен во 2003 година и негова изградба чинеше 12,8 милиони евра.
Be the first to write a comment.