На 97-годишна возраст почина Анкица Туѓман, сопругата на првиот хрватски претседател.
Родена е во јули 1926 година во Загреб, градот во кој се школувала до приклучувањето на партизаните во пролетта 1944 година. Истата година го запознала нејзиниот иден сопруг Фрањо Туѓман. Само една година подоцна, веднаш по завршувањето на Втората светска војна, во мај 1945 година, Анкица се омажила за Фрањо Туѓман.
Во мај 1946 година го добија првиот син Мирослав, две години подоцна се роди Стјепан, а во март 1951 година им се роди ќерката Невенка.
Be the first to write a comment.