Се појави снимка од кражба во црква во српскиот град Шабац, каде крадецот прво се прекрсти три пати, а потоа се сврте, и зема нешто од детската количка.

„Додека мајката покрај малолетно дете од три години палела свеќа, крадецот направи кривично дело“, пишува на профилот.

Се свртел на прсти во близина на количката и чекал момент додека жената и постарото дете не гo свртат грбот, а потоа ја протнал раката во џебот од количката и украл паричник и мобилен телефон.

Бебето во количката со поглед следеше што се случува, а крадецот не обрнувајќи внимание се упати кон излезот од црквата, буткајќи ги украдените предмети под џемперот.