Мајката и таткото на ученикот Коста К. кој на 3 мај направи вистински масакр во своето основно училиште во Белград убивајќи девет ученици и чуварот првпат проговорија. -Сочувство до сите семејствоа, тоа е и наша загуба!
Се огласија прв пат во јавноста Владимир Кечмановиќ и Миљана Кечмановиќ, таткото и мајката на момчето Коста Кечмановиќ , кој е осомничен дека убил 9 ученици и чувар, а потоа повредил уште шестмина, меѓу кои и наставничката во ОУ „Владислав Рибникар“, за прв пат јавно, пишува Телеграф.
– На тој 3 мај завладеа вечна тишина во која неми од болка и тага секојдневно плачеме, за секое невино дете што загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, што секако е и наша голема загуба. Засекогаш во тага, семејството Кецмановиќ.
Be the first to write a comment.