Зголемено полициско присуство на повеќе места низ градот Скопје каде што има собирање на младинци.

Вечерва е забележано зголемено присуство на униформирани полициски службеници на повеќе локации низ градот особено кај Силбо на Партизанска, Трговски центар Бисер, плоштад Македонија и други.

Превентивното присуство на униформираните службеници пред се придонесува да не дојде до нарушување на јавниот ред и мир и вршење на кривични дела бидејќи во вечерните часови, а особено за време на викендот голем е бројот на млади луѓе што излегуваат и ги посетуваат овие места.

📸

📸