Актерката Софија Вергара неодамна се појавила во необична комбинација на крштевка во Лос Анџелес и предизвика лавина коментари. Таа се прошетала во комплет со принт од коњ, кој го дизајнирала Џоана Ортиз. Реакциите на нејзината модна комбинација се поделени.

„Софија е прекрасна, но ова е малку невкусно“, „Чуден моден избор за крштевка“, „Погрешила со облеката“, се дел од коментарите на обожавателите кои не биле воодушевени.

„Прекрасен аутфит“, „Убавица“, „Прекрасна си“, се другите коментари од фановите кои биле задоволни со модниот избор на Вергара.

Софија неодамна го прослави 50-от роденден, но многумина коментираат дека успешно го избегнува стареењето. Таа често на социјалните мрежи се фали со своето тело.

„За добар дел од мојот изглед, освен исхраната и тренирањето, заслужни се и совршените гени“, рече Вергара во една прилика.

📸

📸