Тело на женско лице е пронајдено денеска околу 16 часот на плажата во населбата Доња Ластва во црногорското одморалиште Тиват.
Според очевидци, носено од бранови и струи кои го донеле во близина на брегот, телото плутало со грб свртен кон површината на водата, со главата под нивото на морето.
Луѓето кои се нашле на плажа мислеле дека на еден од капачите му се слошило и повикале помош. Но, жената и тогаш не давала знаци на живот, па залудни биле напорите на спасувачите кои ја извлекле од морето до брегот и се обиделе да ја реанимираат.
Според неофицијални информации, на главата на починатата е видлива поголема рана.
Екипата за брза помош и полицијата од Тиват се на лице место и вршат увид.
Од полицијата неофицијално за „Вијести“ велат дека за се е известено Вишото државно обвинителство во Подгорица и дека телото на починатата ќе биде испратено на обдукција за патолозите да ја утврдат причината за смртта.
Полицијата не сакаше да шпекулира за повредите на главата на починатата, посочувајќи дека тие може да настанат од удар на телото додека го носеле брановите, на некоја карпа во плиткото.
– Начинот на кој настанала повредата, како и точната причина за смртта ќе покаже обдукцијата – изјави соговорникот на „Вијести“ од полицијата, додавајќи дека идентитетот на починатиот се уште не е утврден, а исчезнувањето на ниту едно лице во Тиват и соседните градови не е пријавено во полицијата деновиве.
Be the first to write a comment.