Ужасни вести доаѓаат од Германија, поточно од Херта, клуб од Бундеслигата. Имено на холандскиот интернацоналец Жан – Пол Боетиус во дресот на тимот од Берлин, му е откриен тумор на тестисите и тој веќе утре ќе мора да биде подлегнат на операција.
Боетиус важи за еден од најдобрите фудбалери на Херта, тој во летниот преоден рок дојде од Мајнц и требаше да биде еден од главните играчи на тимот од Берлин.
Оваа вест ја потврдија од Херта, а се огласи и спортскиот директот Фреди Бобиќ:
“Колку оваа вест да е горка, полни сме со надеж дека Жан – Пол ќе ги преброди сите овие проблеми и дека ќе се врати што побргу. Херта како клуб и како семејство се со него и сите ние му посакуваме се најдобро“.
Be the first to write a comment.