Најмалку три лица загинаа при уривање на зграда во Каиро. Петкатна зграда се урна во густо населениот кварт Имбаба.

Се уште не е позната точната причина за уривањето на петкатница во Каиро, при што загинаа најмалку три лица, пишува Вашингтон пост.

Тамошната служба за цивилна заштита соопшти дека потрагата и спасувањето на преживеаните во урнатините се уште е во тек.

Патем, зградите често се уриваат во Египет поради лошата градба и недостатокот на одржување во сиромашните квартови.