Утрово, во 75. година од животот почина Јанко Николовски.
Николовски е роден во 1946 година во Скопје, каде го завршува правниот факултет. Својата кариера ја започна во 1970 година, во тогашната Телевизија Скопје, прво како новинар, а потоа и уредник на актуелно политички емисии.
Добитник е на две државни награди – “Мито Хаџивасилев Јасмин” за новинарство во 1975 и Награда за публицистика во 2005 година.
Беше член на неколку експертски групи на Советот на Европа во Стразбур, за прашања за слобода на медиумите.
Од 2006 година беше избран за прв претседател на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер, каде остана до своето пензионирање.
По пензионирањето останува активен на полето на публицистиката, со издавање на публикации и статии на тема Слобода на медиуми во повеќе списанија и портали во регионот.
Погребот ќе се одржи утре во 9 часот на гробиштата во Бутел.
Be the first to write a comment.