Брзата помош синоќа околу 3 часот донела мајка и син кои биле нападнати со секира и нож во Ургентниот центар во Зрењанин, јавуваат утрово српските медиуми.
Според неофицијални информации, мајката (57) се здобила со повреди на главата со секира и итно била пренесена во Клиничкиот центар Војводина, додека синот (17) се здобил со повеќе убодни рани во пределот на градниот кош и повреди од секира во пределот на главата. Лекарите се борат за неговиот живот.
Според неофицијални информации, тие биле нападнати од тринаесетгодишно момче.
Нападот се случил во селото Радоево, општина Нова Црња.
Be the first to write a comment.