Во градот Махала на патот Зворник – Тузла денеска се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, објавија вечерва босанските медиуми.

Дежурните оперативци на МВР-РС, поточно од полициската станица Зворник, за порталот „Аваз“ потврдија дека несреќата се случила и дека едно лице починало.

Според неофицијални информации настраданото лице е од Зворник.

Три лица се пренесени во болница.