Тројца лекари во последните пет дена преминаа од „Ре-Медика“ во „Аџибадем Систина“. Според објавите на „Систина“ прв од „Ре-Медика“ заминал специјалистот по урологија Сотир Ставридис, кој работи и на државната Клинка за урологија.
По него од „Ре-Медика“ си замина и медицинскиот директор, торакалниот хирург Андреја Арсовски, а од вчера во тимот на „Систина“ е и Глигор Димитров, гинеколог-акушер кој во „Ре-Медика“ беше шеф на одделот за гинекологија и акушерство, објави порталот А1он.
Лекарите не сакаат да зборуваат за причините за трансферот. Професорот Арсовски преку „Фејсбук“ пред два дена ги извести пациентите дека има ново работно место од каде ќе продолжи да се грижи за пациентите и се заблагодари на тимот од „Ре-Медика“ за долгогодишната соработка.
„Се работи за конјунктура на пазарот, кој ќе плати повеќе“, вели директорката на „Ре-Медика“ Елица Јорданова.
Генералната директорка на „Ре-Медика“, Елица Јорданова, вели дека лекарите си поднеле оставки од кај нив за повеќе пари.
„Се работи за конјунктура на пазарот, кој ќе плати повеќе. Ставридис кај нас не беше вработен, имаше само дополнителна работа па кај него и не се работи за оставка. Арсовски десет години имаше асистентка која веќе има доволно искуство за да ја преземе работата, а млади доктори веќе го покриваат и одделот гинекологија. На ова гледаме како на природен процес со кој ќе им дозволиме на младите лекари да направат исчекор, секако Арсовски и Димитров беа пред пензионирање“, рече директорката за Јорданова за „А1он“.
Be the first to write a comment.