Во престрелка во Љубљана загина 34-годишен маж, а полицијата се уште трага по сторителот, јавуваат словенечките медиуми.
Убиецот е висок околу 170 сантиметри, облечен во темна облека и маскиран. Тој побегнал пеш од местото на настанот во љубљански Вич кон Рожна Долина.
Пронајдена е поголема сума пари
На местото на злосторството полицијата пронашла поголема сума пари. Убиениот 34-годишник од Љубљана не бил случајна мета бидејќи во април 2020 година бил застрелан од грб. Тогаш бил вооружен и возвратил.
Како што рече на прес-конференција претставничката за односи со јавноста Александра Голец, полицијата била известена за инцидент во месноста Вич во кој вчера околу 15 часот е повредено едно лице.
Убиен пред очите на малолетно дете
Полицијата на лице место пронашла тешко повреден маж, кој од тешките повреди набрзо починал на лице место. Мажот бил усмртен од огнено оружје, соопшти љубљанската полиција.
Според очевидци, жртвата наводно била застрелана пред малолетно дете кое седело на задното седиште. Застреланиот лежел на сред улица, додека маскираниот сторител наводно подолго време ја чекал жртвата на улица.
Како што неофицијално дознава словенечки Вечер, убиениот бил во конфликт со словенечкиот дел од кавачкиот клан.
Be the first to write a comment.