Престрелка избувнала меѓу граничарите кои ја контролираат границата меѓу Киргистан и Таџикистан, јавија руските новински агенции, повикувајќи се на киргистанската гранична служба.
Во последните години има чести судири долж границата, а последниот инцидент уследил по вчерашниот судир меѓу две други поранешни советски републики, Азербејџан и Ерменија, најсмртоносен од 2020 година.
Киргистан ги обвини Таџикистанците дека зазеле позициите на дел од границата кој не бил демаркиран. Граничната служба на Киргистан соопшти дека таџикистанските стражари отвориле оган откако биле замолени да ги напуштат „борбените позиции“ долж границата.
Тие тврдат дека киргистанските стражари го користеле своето оружје како одговор, објави руската државна новинска агенција РИА. Во тие судири во текот на ноќта загинал еден таџикистански граничар, а двајца се ранети, пренесе РИА Новости, повикувајќи се на таџикистанските гранични сили.
Судирот се случил во пресрет на состанокот на регионалното безбедносно тело.
Be the first to write a comment.