На 07.04.2023 во 18.30 часот во трговски центар на подрачје на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба лишиле од слобода две малолетнички од Скопје.

Тие се сомничат дека извршиле кражба во продажен објект во трговскиот центар, при што одзеле повеќе предмети.

Кај нив биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.