Славица Ѓилас, жената која брутално ја претепа својата малолетна ќерка и чие видео се појави на социјалните мрежи, се појави пред нејзината куќа, иако полицијата трага по неа.
Имено, како што дознаваат српските медиуми, таа за медиумите изјавила дека не е виновна и дека „сè и наместила мајка ѝ Лидија“.
Според Славица, нејзината мајка ја принудувала да ја претепа ќерката под закана дека ќе и го убие синот (1).
Таа наведува дека мајка ѝ живее со нив во куќата, а Зоран, сопругот на нејзината мајка е во затвор.
– Не знам зошто е таму – рече таа.
Но, таа наведува дека неговата партнерка, односно нејзината мајка го пријавила Зоран за насилство.
– Мајка ми го пријавила за насилство, а сега испаѓа дека морам да го бранам така што моето дете мора да трпи насилство од мене – вели Славица.
Да потсетиме, по Славица Ѓилас е започната потрага бидејќи не е достапна за државните органи.
Полицијата и Центарот за социјална работа синоќа, откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Славица ја удира својата малолетна ќерка, одзедоа две малолетни деца од Првослав Пајиќ и Славица Ѓилас.
Be the first to write a comment.