15 годишното девојче кое беше жртва на сексуална злоупотреба веќе е под заштита на Социјалниот центар од регионалната единици во Тетово. Таа во 2020/2021 година била сексуално злоупотребена од 10 лица од Тетово и Гостивар, кои веќе се приведени. Повеќето од нив се познати бизнисмени од тој регион. Од Социјалниот центар известуваат дека сега работат на нејзина ресоцијализација, објавува ТВ 21.

„Центарот е повикан на терен во врска со друго прашање, при што се откриени и настаните кои се случиле порано. Согласно најдобриот интерес на детето, преземени се мерки за нејзино згрижување и заштита и ги добива соодветните психо-социјални услуги и поддршка, успешно се ресоцијализира и е вклучена во редовниот образовен процес.“, стои во соопштението на Центарот за социјални работи од Тетово.

Министерството за труд и социјална политика ги отфрли тврдењата дека девојчето било под социјално згрижување или дека била дадена кај некое згрижувачко семејство.

„Министерството за труд и социјална политика информира дека споменатото дете, никогаш не била дадена кај згрижувачко семејство и веста дека детето било кај згрижувачко семејство е лага.“, стои во соопштението од министерството за труд и социјална политика.

Како што информира МВР, во периодот од 2020 година до септември 2021 година Г.Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С.С., А.П. и К.Х., го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А., И.З., И.Е., А.М., Ќ.Ќ., Ф.А. и А. Ш., за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра.