Најмалку 15 лица завршија во болницата во грчкиот град Каламата со симптоми на труење од салмонела откако јаделе свинско месо за време на прослава во близина на црквата Аја Теодора во областа Васта во Аркадија.
Според она што го кажаа за грчките медиуми, причината за тоа што на сите им се слошило е веројатно тоа што јаделе свинско месо што го купиле од уличен продавач.
– Викендот на 10 и 11 септември имаше прослава во црквата Аја Теодора и во наредните денови многу луѓе почнаа да се жалат на болки во стомакот и други симптоми, објавија грчките медиуми.
Првично отишле во Здравствениот дом на областа, бидејќи многумина биле жители од блиското село во Месинија, но како што се зголемувале случаите биле испратени во болницата Каламата, каде на три лица им била потребна хоспитализација.
Случајот го истражуваат надлежните здравствени органи, со цел да се идентификува изворот на потекло на храната што ја консумирале.
Be the first to write a comment.