На 06.01.2023 во 16.30 часот било пријавено дека во казино на ул.„Димитрие Чуповски“ во Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 42-годишната Г.Т. од Кавадарци и 23-годишната Т.Т. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 06.01.2023 во 12.30 часот М.Г.(68) од Битола пријавила дека на 02.01.2023 околу 15.30 часот во Битола била физички нападната од З.Г.(52) од Битола. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 06.01.2023 во 20.10 часот Б.Т.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, пријавила дека околу 19.00 часот во влез од зграда во Струга била физички нападната од Г.М. од Струга (женско лице). Се работи на расчистување на случајот.