СВР Охрид информира дека во 02.30 часот била пријавена тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево, меѓу селата Климештани и Ботун.

Во несреќата учествувале два автомобили „БМВ“ упрвувано од М.М. (21) и „Ауди“ управувано од Ѓ.Д. (62), информира полицијата.

Од повредите на лице место починал Ѓ.Д. додека М.М. со тешки повреди е пренесен во Општата болница Охрид.