На 03.09.2022 околу 13,25 часот пријавено е дека на магистралниот пат Градско–Прилеп, кај место викано „Тројаци“, A.Ш. (38) од с. Добри дол, гостиварско, управувајќи мотоцикл „aприлија“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница-Прилеп, каде починал.

За настанот е известен Јавен Обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Прилеп.

Зад себе остави три деца

На Фејсбук страницата Dobërdoll Gostivar ( Lugina e Mirë ) беше објавена тажна вест дека загинал младиот Адас Шабани. Непосредно пред трагедијата, тој објавил видео од Кавадар каде присуствувал на традиционалната „Парада на мотори“.

-Адас зад себе остави три деца, девојче и две малолетни момчиња. Причина за смртта е сообраќајна несреќа, објавено е на ФБ страницата.

Со семејството живеел и работел во Словенија, а во Македонија допатувал пред неколку дена на годишен одмор.