Шеесет и едногодишен маж вчера бил пронајден починат во неговата куќа во селото Ругинце, Општина Старо Нагоричане. Се запалил со цигара и изгорел, пронајден починат маж во Ругинце.

„По овластување на Јавен обвинител, полициски службеници извршиле увид и било констатирано дека собата била исчадена, а починатиот Л.С.(61) бил пронајден изгорен во креветот од пожар кој настанал од неизгасена цигара. Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството“, соопшти СВР Куманово.

Починатиот човек го пронашле вчера околу 16 часот и случајот го пријавиле во СВР Куманово.