Англискиот фудбалер Антон Вокс почина на 25-годишна возраст по несреќа на Флорида, соопшти неговиот клуб Шарлот.
Се вели дека Вокс починал утрово, но во соопштението не се дадени повеќе детали.
„Мајами хералд“, пак, посочува дека Вокс загинал во судир на два брода во Мајами.
Сопственикот на фудбалскиот клуб Шарлот, Дејвид Тепер, изјави дека сите во клубот се „уништени од трагичната смрт на Ентони Вокс“.
„Тој беше одличен син, татко, партнер и соиграч чиј радосен пристап кон животот ги трогна сите што ги запозна“, рече Тепер во изјавата.
Вокс кариерата ја започна во Тотенхем, играше и за Портсмут, пред да и се приклучи на Атланта во МЛС лигата.
Тој од минатата година игра во Шарлот.
„Антон ги направи луѓето околу него подобри луѓе во сите области од животот и го претставуваше Шарлот според највисоките стандарди и на теренот и надвор од него“, додаде Тепер.
Be the first to write a comment.