На крајот на минатата година светот на фудбалот беше изненаден од веста дека легендарниот фудбалер Марк Овермарс доживеа срцев удар.

Холандската јавност се уште не се опоравила од оваа шокантна вест, а дваесетина дена подоцна пристигнува уште пострашна вест дека поранешниот холандски репрезентативец и ѕвезда на Ајакс, Барселона и Арсенал имал не само срцев удар, туку и исклучително тежок мозочен удар, поради на што неговото срце претрпе непоправлива штета.

Како што пренесуваат холандските медиуми, Овермарс е на болничко лекување од 30 декември, а откако лекарите го стабилизирале е пуштен на домашно лекување иако срцето му работи само со капацитет од 30 проценти.

Холандски „Телеграф“ пишува дека дел од срцевиот мускул на Овермарс престанал да работи и дека сега неговата способност да пумпа крв во телото е намалена за 70 отсто, а прогнозите се дека ќе му треба најмалку една година да закрепне, додека зема соодветна терапија до крајот на животот.

Да потсетиме, по одличната играчка кариера во Ајакс, Арсенал и Барселона, Марк Овермас 10 години беше спортски директор на гигантот од Амстердам, пред да биде принуден да ја напушти таа позиција минатата година по скандалот со испраќањето на непримерни СМС пораки до неколку жени вработени во холандскиот шампион.

Сепак, неколку месеци подоцна, тој беше назначен на истата позиција Антверпен, кој поради тој потег загуби неколку спонзори.