Дваесет и двегодишна девојка од Македонија загина во несреќен случај на своето работно место во Данска, објави а1он.

Според полицијата, таа работела како хигиеничарка во училиште, каде што се случил инцидент со машината за чистење.

Данските медиуми јавуваат дека таа била пренесена во болница со тешки повреди на кои им подлегнала.

„Ние сме во процес на спроведување дополнителни истраги и повторно ги испрашуваме истите сведоци“, објаснува Торбен Витендорф, од полицијата.

Според данските медиуми, рoднините на девојката се веќе известени.

Данската управа за работна средина е повикана и мора да биде вклучена во истрагата.