











Трагична несреќа се случила денеска во албанско село кое се наоѓа во градот Шијак во близина на Драч, на картинг патеката Arena Karting Albania 3.
Како што јавуваат вечерва медиумите од соседната земја, за време на натпреварите со картинг возила се судриле две возила и како последица на судирот животот го загубил еден од возачите, албанскиот државјанин А.М. (40 години), жител на градот Фиер.






– На Арена Картинг Албанија 3, за време на натпревари со спортски возила, се судриле две возила. Од судирот еден од возачите, државјанинот А. М., 40 години, жител на Фиер, го загуби животот, информира албанската полиција.
Истражната екипа е на местото на настанот и работи на расветлување на околностите на несреќата.






Be the first to write a comment.