Андреја Периќ (21) од Ниш загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила во градот Еспиноза дел Камино во Шпанија. Како што објави порталот burgosconecta.es, во сударот загинало и нејзиното момче Алваро М.М (21), додека неговата сестра (29) била повредена.
„Беше весела, полна со живот, љубезна… Не можеме да веруваме дека ја нема…“ велат колегите на Андреја, студентка во трета година на Економскиот факултет во Ниш, која почина со своето момче во тешка сообраќајна несреќа.
По оваа несреќа колегите од факултетот велат дека се во шок и дека Андреjа била фина личност, добра студентка и дека имала големи планови, пишува Блиц.
– Таа веќе беше во Шпанија на студентска размена, а неодамна аплицираше за размена во Италија. Беше добра ученичка, и како колешка и на секој друг начин. Тажни сме и потресени од оваа вест – вели една од колешките на Андреја.
Како што пренесува burgosconecta.es, страшната несреќа се случила во средата околу 22.30 часот, кога две возила директно се судриле.
– Во едното загинаа млад човек и девојка, а неговата 29-годишна сестра е повредена, двајцата жители на градот Белорадо, додека во другото возило имаше 67-годишна жена, која минала со полесни повреди – известуваат оттаму.
Од силината на ударот, како што велат, „фордот“ во кој се наоѓала Србинката се превртел и целосно бил уништен. Како што се наведува, тие биле заробени во хаварисаното возило додека не пристигнале пожарникарите, прзата помош и полицијата на местото на настанот.
– По извлекувањето на телата на тројцата млади, и покрај напорите на лекарите, констатирана е смрт на младата Србинка и нејзиното момче, додека постарата девојка која била зад воланот, инаку сестра на момчето е пренесена во Универзитетската болница во Бургос со тешки повреди – наведува шпанскиот портал.
Собирање помош за транспорт на телото
На Инстаграм страната на Економскиот факултет во Ниш се појави апел да му се помогне на семејството на трагично настраданото девојче за да се соберат пари за превоз до Србија.
Be the first to write a comment.