Марија Антониета Кутиљо (16) почина во Италија откако телефонот и паднал во када додека разговарала со пријателката.
Девојката била на телефон додека се капела. Мобилниот и паднал во вода, а во тој момент се полнел. Несреќата се случила во домот на нејзините родители во Монтефалконе во регионот Кампанија.
Според локалните медиуми, родителите не биле присутни во куќата кога настрадала тинејџерката. Во тоа време, брза помош повикала пријателката на Марија, која се загрижила кога повикот бил прекинат.
Слична несреќа се случила во 2020 година кога ученичка во Франција починала во бањата, откако телефонот за полнење и паднал на градите и се лизнал во водата.
И една година претходно, 13-годишно девојче во Амстердам доживеа струен удар кога нејзиниот паметен телефон паднал во када, додека се полнел.
Експертите апелираат доколку електричните апарати за домаќинство се користат во бањите, корисниците мора да бидат свесни за безбедносните опасности.
Be the first to write a comment.