Смртта на Синиша Михајловиќ ја потресе спортската јавност ширум Европа, а италијанските медиуми се потсетија на бројни легендарни изјави на српкиот фудбалски великан, кои само ја потврдуваат неговата големина.

ЗА БОЛЕСТА

1. „Исто како во фудбалот, треба да играм пресинг и да постигнувам голови. Тоа беше мојата тактика како играч, истата е и сега против леукемијата. Да победам за сите оние кои ме сакаат, за себе“.

2. „Кога за првпат ќе ти соопштат, номално дека реагираш лошо. Сепак, потоа имаш време да се промениш, да продолжиш со животот колку што можеш, бидејќи увидуваш колку се важни малите работи“.

3. „Не гледам на себе како на херој, јас сум само нормален човек со добри страни и со слабости. Се борам со болеста она како што знам, никој не треба да се срами што е болен. Она што е најважно е да не жалиш за ништо и никогаш да не ја загубиш волјата за живот“.

ЗА ВОЈНАТА

4. Пред војната требаше да пешачам по 1,4 километри да стигнам до родителите. Потоа, кога беа урнати мостовите околу нив, моравме да одиме и по 80 километри. Толку многу страдање, со месеци, тотално неправедно, бомби врз болници, училишта, цивили, се беше збришано, а на Американците не им беше гајле.

5. Свесен сум за злосторствата што му се припишуваат на Слободан Милошевиќ, но во моментот кога Србија е нападната, јас морам да го бранам својот народ.

6. Косово е Србија и точка. Не можете да ги избркате Србите од нивните домови.

7. Вуковар за мене беше најубавиот град во светот. Потоа стана симбол на војната. Бев таму по 25 години, првпат по конфликтот во 1991, се беше променето. Немаше ниту птица ниту куче… страшно.

8. Православци, Католици, Муслимани… само Генералот Тито успеа да ги држи сите заедно. Кај Тито постоеја вредности, семејство, идеологија за татковина кај целиот народ.

ЗА ФУДБАЛОТ

9. Не можам да зборувам со Мурињо за фудбал, тој никогаш не играл, не би разбрал што сакам да му кажам.

10. Ако не станев фудбалер, ќе бев или боксер или криминалец.

11. Како што кажа Вујадин Бошков пред многу години, стадион без навивачи и како жена без гради…

12. Или имаш мад..а или немаш. Сепак, тренерот мора да биде следен од фудбалерите. Ако им кажам на моите играчи да скокнат од покрив на зграда прво ќе скокнат, па потоа ќе ме прашаат зошто го сториле тоа.

ЗА СЕМЕЈСТВОТО

13. Мојот татко беше камионџија, почина на 69 години од рак на белите дробови. Го молев за време на војната да дојде во Италија, но тој остана во својата земја.

14. Кога ќе ме прашаат за што сонувам, не можам да кажам за трофеј во ЛШ или за скудето. Мојот сон е невозможен – да можам уште еднаш да го прегрнам татко ми.

15. Кога ја видов жена ми за првпат, прво што ми падна на памет беше: Ако имам деца со неа, којзнае колку ќе бидат убави… И еве, имаме пет деца, секое наредно поубаво од пртеходното.