На 31.03.2023 околу 11.20 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди е донесен повреден В.Г.(46) од Скопје.

Според пријавеното, тој се повредил околу 10.30 часот, додека бил на работното место во Зоолошка градина Скопје.

Полициски службеници излегле на местото, а за случајот е известен трудов инспектор.