На 03.12.2022 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(54) од Скопје, удрило во пешакот Р.С.(29) од Скопје.

Во несреќата, Р.С. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.